Дојде во Атлетико како големо засилување но ќе замине уште во јануари


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Нико Гаитан во редовите на Атлетико Мадрид пристигна како големо засилување од редовите на Бенфика.

За аргентинскиот интернационалец постоеше интерес од Манчестер Јунајтед, но Гаитан во јули, 2016 година се реши да стави потпис на договор со тимот на Атлетико Мадрид.

Сепак, по се изгледа таквиот потег беше погрешна опција за играчот кој седум години со успех го носеше дресот на Бенфика. Нико Гаитан уште во јануари ќе биде ставен на трансфер листата и многу е веројатно тој да се врати во клубот каде ја стекна афирмацијата во фудбалот.

Покрај Гаитан од таборот на „Јорганџиите“ ќе замине и францускиот интернационалец Кевин Гамеиро. Атлетико е приморан да продаде двајца фудбалери со цел да го исполни условот на финансискиот фер плеј по доаѓањето на Диего Коста и Витоло.