Херојско реми на Македонија против Италија


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Репрезентацијата на Македонија одигра одличен натпревар на гостувањето во Торино и од Италија се враќа со еден бод.

Избраниците на Игор Ангеловски беа рамноправни со големиот противник и на крајот заслужено стигнаа до реми исход (1:1).

Нашите репрезентативци одиграа доста дисциплиниран фудбал во текот на сите 90 минути. Единствено одбраната потфрли при крајот на првото полувреме кога Имобиле асистираше за Киелини кој погоди за 1:0. Пред тоа единствено за домашниот тим шанса имаше Инсиње кој во 7. минута имаше голема шанса, но Димитриевски со одлична одбрана го спаси својот гол.

Горан Пандев во 17. минута одлично си создаде позиција и упати удар кон голот на домашната репрезентација, но Буфон беше на место.

Во вториот дел Македонија играше доста поофанзивно и имаше неколку прилики за гол. Во 77. минута Пандев одлично асистираше до Трајковски кој од косо упати силен удар и го матираше големиот Џиџи Буфон.

На крајот на голема радост за нас тоа беше и конечниот резултат на натпреварот.