Птицата слета во Реал – Солари ќе располага со златните копачки на Валвердe


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Вундеркинг помеѓу Ургвајците, Фернандо Валверде ќе го засили младиот тим на Реал Мадрид после трката за неговиот потпис во која учествуваа многу клубови.

На Сантијаго Бернабе слета ново засилување. Неговото име е Фернандо Валверде кој има 18 години, игра во средниот ред и стигна од уругвајскиот Пењарол, а стигна на Бернабе на инсистирање на тренерот на вториот тим на Реал, Сантијаго Солари.

До Валверде не беше лесно да се стигне бидејќи во трката за неговиот потпис беа вклучени Барселона, Арсенал, Манчестер Јунајтед и Челси! Птицата слета во кафезот на Реал во кој тренерира со тренерот на првиот тим, Зинедин Зидан.

Талентираниот Валверде беше вистинска сензација во Уругвај. За неговите магични моќи се пишуваа бајки, па не треба да не чуди што институции како Манчестер, Арсенал и Барселона тргнаа по него. Неговото име не е од многу одамна познато на новиот континент. Пењарол го префрли во младиот тим уште кога имаше 12 години за Реал сега да има право на неговото обликување по мерка.