Мата одбил богата понуда од Кина


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Играчот на Манчестер Јунајтед, Хуан Мата одбил висока понуда од клуб кој се натпреварува во Кинеската Супер Лига, се со цел да остане во Манчестер Јунајтед.

Шпанскиот интернационалец во моментов заработува околу 165.000 фунти неделно, а од Кина му нуделе речиси двојно поголема плата.

Сепак, Мата ќе ја искористи можноста од неговиот договор и истиот ќе го продолжи на дополнителна една година.

Хуан Мата оваа сезона на девет натпревари има еден постигнат гол во дресот на „Црвените Ѓаволи“.