Сем Алардајс седнува на клупата на САД


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поранешниот селектор на репрезентацијата на Англија, Сем Алардајс е еден од најсериозните кандидати за селекторското место во репрезентацијата на САД.

Алардајс наводно одбил понуда да го води тимот на Лестер и веројатно ќе чека понуда од репрезентацијата на САД. Сепак, сериозен кандидат за селектор на американците е и поранешниот тренер на ПСЖ, Лоран Блан.

Според „Франс Фудбал“ и Французинот не би имал ништо против да биде наследник на Јирген Клинсман кој ја напушти функцијата по неуспехот на САД во квалификациите за Светското првенство.