Манчестер Јунајтед триумфално низ Португалија


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Екипата на Манчестер Јунајтед со минимални 1:0 славеше на гостувањето во Португалија кај Бенфика.

„Црвените Ѓаволи“ одиграа под своето ниво но сепак стигнаа до посакуваната цел и во Манчестер се враќаат со трите бода.

Стрелец на единствениот погодк беше Маркус Рашфорд во 66. минута од натпреварот. Англичанецот изведе слободен удар од огромна далечина и ја искористи грешката на младиот Миле Свилар и го отвори резултатот. Инаку, Миле Свилар денес влезе во историјата станувајќи најмладиот голман кој настапил во Лигата на Шампионите.

Изненадувачки пораз претрпе ЦСКА Москва на домашен терен од екипата на Базел. Стрелци за швајцарскиот шампион беа Џака во 29. минута и Оберлин пред самиот крај на натпреварот.

На табелата води Манчестер Јунајтед со максимални девет бода, втор е Базел со шест, на третото место се наоѓа ЦСКА со три бода, додека последна е Бенфика која се уште нема освоено бод во најелитното фудбалско натпреварување.