Разочарувачки пораз на Манчестер Јунајтед


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Пред почетокот на 9. коло во Премиер Лигата Хадерсфилд беше еден од најнеефикасните тимови кој се наоѓаше во зоната на испаѓање, додека Манчестер Јунајтед беше на врвот лесно победувајќи против послабите противници.

Се очекуваше дека „Ѓаволите“ лесно ќе го поминат новиот премиерлигаш, но на крај испадна дека не било така. Мој во 28. минута го отвори резултатот и го донесе домаќинот во водство, а пет минути подоцна по катастрофалната греша на Линделоф, Депор ја зголеми предноста. Веќе на стартот на второто полувреме Мурињо направи две промени и на местото на Марсијал и Мата ги внесе Рашфорд и Микитаријан. Токму Рашфорд во 78. минута го намали резултатот, но тоа беше се од фаворитот на овој натпревар.

Киксот на градскиот ривал го искористи Манчестер Сити кој пред своите фанови лесно го совлада Барнли со 3:0. Добра вест за тимот на Пеп Гвардиола е враќањето на Серхио Агуеро кој со погодок се врати во тимот.

Претходно Челси во доста интересен натпревар со шест погодоци го совлада тимот на Вотфорд (4:2).

Резултати:

Хадерсфилд- Манчестер Јунајтед 2:1

Манчестер Сити- Барнли 3:0

Њукасл- Кристал Палас 1:0

Стоук- Бурнемут 1:2

Свонси- Лестер 1:2