Николов: Против Работнички не смееме да си дозволиме грешка


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Изминатиот викенд Вардар претрпе шокантен пораз на гостувањето во Могила против екипата на Победа.

„Црвено црните“  шанса да се вратат на победничките патеки ќе имаат утре во дерби натпреварот против Работнички. „Романтичарите“ иако победија против Пелистер викендов се далеку од посакуваната форма, па затоа Вардар е огромен фаворит пред утрешниот дерби дуел.

Бобан Николов вели дека против Работнички, Вардар ќе бара враќање на победничките патеки.

„Пред нас имаме дерби и не смееме веќе да си дозволиме грешка. Одиме како и на секој натпревар да ги освоиме бодовите од овој дуел и да победиме. Го загубивме натпреварот со Победа, но имаме шанса веќе утре да се вратиме на победничките патеки. Треба на секој натпревар да размислуваме на три бода. Верувам дека ќе успееме да ги освоиме бодовите, и така најбрзо да го заборавиме натпреварот со Победа. Треба сите да дадеме максимум. Ова е дерби во кое се е можно. Имаме желба и мотиви да дојдеме до триумф на овој натпревар, и да почнеме една нова победничка низа во првенството“- изјави Николов.