Бен Арфа се сели во Лестер


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поранешниот играч на Њукасл и Хул, Хатем Бен Арфа е пред враќање во Премиер Лигата.

Како што пишуваат медиумите во Франција, Бен Арфа ќе биде првото засилување за Клод Пуел во редовите на Лестер.

Францускиот фудбалер е вон стројот во ПСЖ откако беше отстранет од тимот од Унаи Емери поради неговата недисциплина. Нешто слично се случи со Бен Арфа и во редовите на Хал Сити кога поради недисциплина беше исфрлен од составот.

30 годишниот Бен Арфа ја одигра својата најдобра сезона токму под палката на Клод Пуел во редовите на Ница.