Репрезентацијата до 19 години ги започнува квалификациите за ЕП


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Репрезентацијата на Македонија до 19 години денес ги започнува квалификациите за пласман на Елитната квалификациска фаза за следното Европско првенство.

Како никогаш досега, нашите момци предводени од Вујадин Станојковиќ од клупата, но и од Елиф Елма,  Дарко Чурлинов и Димитар Митровски од теренот се надеваат на историски успех, нешто што им успеа на репрезентативците до 21 година.

„Веруваме во оваа генерација. Тоа се фудбалери кои имаат исклучителен квалитет. Заедно сме неколку години, тимскиот дух и карактерот на екипата е на високо ниво. Има предуслов да се надеваме на успех, но мора да бидеме истовремено и внимателни. Противниците се анализирани, но најважно е ние како ќе изгледаме на терен. Сите се надеваме дека ќе го дадеме максимумот и ќе успееме да ја минеме квалификациската фаза“-истакна селекторот Станојковиќ.

Најмладиот дебитант во А репрезентацијата, Дарко Чурлинов сега заедно со Елмас ќе бидат носители на оваа репрезентација. Чурлинов вели дека верува во позитивни резултати на турнирот.

„Ќе дадеме се од себе за добар резултат. Сите сме подготвени и со нетрпение го очекуваме првиот дуел. Едноставно мора да веруваме во квалитетите, да излеземе на терен и да се бориме за националниот дрес. Верувам во позитивни резултати од турнирот“– кажа Чурлинов.

Натпреварот Македонија – Швајцарија започнува во 13:00 часот, а ќе се пренесува во директен пренос на tv.ffm.mk