Алегри: Пјаниќ често ме лути


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Миралем Пјаниќ е еден од клучните фудбалери на Јувентус, во тоа нема сомнеж, а тоа и статистиките го покажуваат.

Пјаниќ се опорави од полесните повреди и ќе биде спремен за претстојниот натпревар во Серија А, што Јуве го игра против Сапмдорија во гости.

Ова е одлична вести за Алегри, кој знае колку Пјаниќ значи за неговиот тим.

Тој пред утрешната средба изјави дека Пјаниќ и до ден денес знае многу да го налути.

„Пјаниќ често знае да ме налути. Тој секогаш мора да биде мајстор во тимот и тренер во теренот“, кратко прокоментира Алегри.

Пјаниќ оваа сезона одигра вкупно 13 мечеви за Јуве, а Старата дама во тие натпревари славеше 10 пати, впиша едно реми и два порази.

Ова е показател дека Пјаниќ е навистина играчот што ја врзува играта на Јувентус на најдобар можен начин.

Оваа сезона во просек има 60% прецизни додавања по натпревар, што е дупло повеќе од било кој друг играч во Серија А.