Победи на фаворитите во Премиер лигата


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Екипата на Манчестер Сити продолжува со одличните игри и фантастичните резултати. Тимот предводен од Пеп Гвардиола без поголеми проблеми славеше победа на гостувањето кај Лестер и со тоа се одвои уште повеќе на врвот на табелата.

Најпрво Хуан Хесус по асистенција на Давид Силва ја затресе празната мрежа на Лестер. Конечниот резултат го постави Кевин Де Брајн со фантастичен погодок од 20тина метри.

Ливерпул на крилата на Мохамед Салах кој постигна два погодоци славеше против секогаш незгодниот за нив, Саутемптон. Третиот гол за тимот на Јирген Клоп го постави Фелипе Кутињо.

Челси со убедливи 4:0 славеше на „Хоутронс“ против тимот на Вест Бромвич Албион. Азар два пати беше прецизен, а по еден гол постигнаа Маркос Алонсо и Алваро Мората.

Резултати:

Бурнемут- Хадерсфилд 4:0

Барнли- Свонси 2:0

Кристал Палас- Евертон 2:2

Лестер- Манчестер Сити 0:2

Ливерпул- Саутемптон 3:0

ВБА- Челси 0:4