Лига на Шампиони: Јувентус – Барселона

November 21st, 2017 | by Sime Simovski
Лига на Шампиони: Јувентус – Барселона
Лига на Шампиони
0

Бјанконерите после шокантниот пораз против Сампдорија ја дочекуваат опасната Барселона. Момците од Шпанија играат фуриозно во националното првенство, имаат 11 победи, едно реми и ниту еден пораз, а гол разликата им е 33:4.

Од друга страна, Старата дама е во криза, четири бода заостанување и дури 14 примени голови во првенството, не им влеваат многу  доверба на навивачите спрема момците од Торино.

Првиот натпреваар завшри со победа на Барселона од 3:0.

Макс Алегри утре нема да може да смета на Бернардески поради проблеми со мускулите, Марко Пјаца сеуште не е спремен, додека Лихтштајнер не е пријавен за Лигата на шампионите.

Тренерот на Барселона има поголеми проблеми во составот. Недостасуваат Дембеле, Гомес, Маскерано, Равиња и Роберто, а во прашање е и Туран.

Иако Јувентус игра во Торино, тешко може да се нарече фаворит во оваа форма против фуриозната Барса, но можеби баш ова ќе ги мотивира момците од Торино да пружат игра за пример и со поддршка на навивачите, како и со својот квалитет, да освојат полн плен против Меси и остакото од тимот на Барселона.

Натпреварот ќе го суди Милорад Мажиќ.

Comments are closed.