Јунајтед се мачеше со Брајтон, Тотенхем киксираше на „Вембли“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Манчестер Јунајтед  на домашен терен потешко од очекувањата забележа минимална победа против Брајтон.

Бедемот на Брајтон на „Театарот на соништата“ одолеваше на налетите на Манчестер Јунајтед нешто повеќе од еден час. Во 66. минута Јанг упати еден добар удар, а топката се одби од играчот на гостите Данк и го совлада Мет Рајан.

Тоа беше единствен гол на натпреварот, но според виденото на теренот победата можеше да биде и поубедлива.

Тотенхем на „Вембли“ освои само бод против Вест Бромвич Албион кој денес беше предводен од Гери Мегсон. „Петлите“ од стартот беа принудени да ја бркаат предноста на гостите затоа што Саломон Рондон уште во четвртата минута го совлада Хуго Лори.

Вест Бромвич одлично се бранеше се до 75. минута кога Хари Кејн на асистенција на Деле Али успеа да го израмни резултатот.

Резултати:

Кристал Палас- Стоук 2:1

Манчестер Јунајтед- Брајтон 1:0

Њукасл- Вотфорд 0:3

Свонси- Бурнемут 0:0

Тотенхем- ВБА 1:1