Наполи се врати на врвот, нов кикс на Милан


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Наполи со минимален резултат (1:0) славеше на гостувањето во Удине и се врати на првата позиција во Серија А.

Прашањето на победникот беше решено во првиот дел кога Габриеле Ангела направи прекршок за најстрога казна. Жоргињо го изведе пеналот, но Скуфе го одбрани. Меѓутоа, по одбиената топка репрезентативецот на Италија сепак успеа да ја смести топката во мрежата.

Рома пропушти прилика да го прескокне Јувентус на третата позиција и со ремито кај Џенова остана на четвртата позиција. „Волчицата“ поведе во 59. минута по голот на Стефан Ел Шарави.

Даниеле Де Роси беше исклучен во 69. минута затоа што направи прекршок за пенал кој подоцна го реализираше Лападула. Горан Пандев одигра 63. минути во дресот на Џенова, а местото му го отстапи токму на стрелецот на голот.

Тимот на Виченцо Монтела имаше уште еден кикс овој пат не успевајќи да слави против Торино на домашен терен.