Избрани најдобрите во македонскиот фудбал


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


На свечена церемонија во МНТ, Фудбалската федерација на Македонија ги додели признанијата за најдобрите во нашиот фудбал за изминатата година.

На манифестацијата главна ѕвезда беше малиот Јане кој доби специјален подарок од ФФМ, голмански дрес од репрезентацијата на Македонија, а го изненади и Елиф Елмас со негов дрес од репрезентацијата. Како што е познато Јане е дел од програмата на УЕФА „Equal Game“ и константно добива поддршка од големи фудбалски ѕвезди.

Баже Илијоски доби специјален подарок, дрес со бројот 130, број што ги симболизира погодоците постигнати во нашата македонска лига.

За најдобар репрезент на нашиот фудбал во странство беше избран Енис Барди кој наградата ја подели со сите членови на у21 репрезентацијата на Македонија, за најдобар тренер Гоце Седлоски, а за најдобар играч во ПМФЛ Стефан Спировски.

Ова се сите индивидуални и тимски награди доделени на вечерашната манифестација:

Најдобар тренер: Гоце Седлоски (ФК Вардар)
Најдобар фудбалер во МФЛ: Стефан Спировски (ФК Вардар)
Најдобар стрелец во МФЛ: Бесарт Ибраими (ФК Шкендија)
Најдобар тренер во женски фудбал: Кирил Изов (ЖФК Истатов)
Најдобра фудбалерка: Илза Максути (ЖФК Ас Јунајтед)
Најдобар стрелец во женски фудбал: Ленче Андреевска (ЖФК Драгон)
Најдобар тренер во футсал: Зоран Лекиќ (КМФ Шкупи)
Најдобар футсал играч: Александар Глигоров (КМФ Велес)
Најдобар тренер во младински фудбал: Горан Станковски (ФК Работнички)
Најдобар фудбалер во младински фудбал: Елиф Елмас (ФК Работнички)
Најдобар стрелец во младински фудбал: Александар Мишов (Ак. Пандев)
Најдобар клуб во младински фудбал: ФК Работнички
Најдобар фудбалски работник: Илија Матеничаров (Ак. Пандев)
Фер-плеј екипа на годината: ФК Работнички
Најдобар судија: Александар Ставрев
Најдобар репрезент на македонскиот фудбал во странство: Енис Барди