Рамос: Немаме конфликт со Рoналдо


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во последно време се зборува дека Серхио Рамос и Кристијано Роналдо имаат големи несогласувања.

„Кралскиот клуб“ оваа сезона не игра баш во најдобра форма се повеќе се шпекулира дека атмосферата во соблекувалната не е баш најдобра. Шпанските медиуми на неколку пати објавија дека има несогласувања на релација Кристијано Роналдо- Серхио Рамос.

Меѓутоа, капитенот на Реал Мадрид истакна дека меѓу него и Роналдо никогаш немало конфликт туку само добро пријателство.

„Никогаш ништо не се има случено меѓу мене и Роналдо .Имаме некои различни мислења, но на крајот двајцата имаме исти цели. Имаме многу добро пријателство, тоа е најважното. Секогаш ќе има обиди да се расипе атмосферата во нашиот тим, но ние тоа нема да им го дозволиме“- коментираше Рамос.