Арсенал се спасуваше од пораз против Саутемптон


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во првиот натпревар од неделната програма од 16.коло во Премиер лигата, Саутемптон и Арсенал одиграа без победник, 1:1.

„Светците“ стигнаа до водство по само три минути игра кога Чарли Остин немаше тешка задача по проигрувањето од Тадиќ.

„Топчиите“ имаа шанси за изедначување преку Рамзи и Лаказет, но резултатот на полувреме остана непроменет.

Во 62. минута Ориол Ромеу ја затресе гредата на Арсенал и  пропушти прилика да ја доближи домашната екипа до победа на овој натпревар.

Во 87. минута Оливие Жиру со глава ја затресе мрежата на Фрејзер Форстер за бод на Арсенал.