Бунт во Барселона


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Соблекувалната на Барселона наводно е погодена од бунт на дел од фудбалерите кои не сакаат одредени фудбалери да го засилат тимот.

Се шпекулира дека Кутињо веќе ги договорил личните услови со Барселона и набрзо ќе стане нов фудбалер на Каталонците. Исто така има информации дека и Гризман ќе се пресели на „Камп Ноу“ но во летниот преоден рок.

И двајцата ќе добијат високи примања и ќе заработуваат помалку само од Меси и Суарез. Таквата платна состојба не им се допаднала на другиот дел од тимот. Наводно, во соблекувалната избил бунт кој го предводел Џерард Пике. Шпанскиот репрезентативец го предупредил раководството дека тоа што го прават било лудост, а тоа го сметал и Ернесто Валверде кој исто така истакнал дека Кутињо е прекуброен во тимот.