Икарди среќен во Интер


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Според Ванда Нара, жената и агент на најдобриот играч на Интер, Мауро Икарди, Аргентинецот би избрал да го помине остатокот од кариерата на Сан Сиро.

Капитенот на Интер веќе неколку сезони игра одлично па затоа за него интерес пројавија бројни екипи од најдобрите европски лиги. Најголем интерес има од Реал Мадрид, но Ванда Нара истакна дека не знаат за интересот на „Кралскиот Клуб“.

„Срцето на Марио и на нашите деца е „сино црно“. Се надеваме дека ќе бидеме во Интер засекогаш, но тоа зависи од клубот. Не знам ништо за интересот од Реал Мадрид. Ако се прашува Марио тој би останал во Интер до крајот на животот, но не зависи само од него“- коментираше Нара за ТВ програмата „Верисимо“.