Најавени големи промени во Арсенал


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во редовите на Арсенал ќе дојде до големи промени по крајот на оваа натпреварувачка сезона.

Венгер ова лето ќе ја прави најголемата реконструкција на тимот откако е во Арсенал, а скаутот Свен Мислинатат веќе почнал да работи на трансферите за следната сезона.

Медиумите во Англија пишуваат дека последните месеци во дресот на Арсенал ги поминуваат Озил, Санчез, Мертесакер, Дебуши, Казорла, Волкот и Жиру. Нови договори ќе им се понудат на Дени Велбек и Арон Ремзи, но доколку истите не бидат прифатени и овие двајца ќе го напуштат „Емирати“ по крајот на оваа сезона.

Што се однесува до можните пристигнувања на списокот се Абоду Диало, Жан Мишел Сери, Набил Фекир, Томас Лемар…