Сега се е готово: Реал го договори првото засилување


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Повеќе нема дилеми, како што пишуваат медиумите во Шпанија преговорите помеѓу Реал Мадрид и Атлетик Билбао завршиле и по нив паднал договор младиот голман Кепа Аризабалага да се пресели во Мадрид во првите денови од јануари.

„Кралевите“ на тимот од Баскија ќе му платат 20 милиони евра колку што е откупната клаузула за голманот на шпанската репрезентација до 21 година.

Аризабалага го одби новиот договор од Атлетик Билбао и веројатно веќе го одигра последниот натпревар за клубот затоа што во моментов се мачи со повреда и ќе ги пропушти последните натпревари пред паузата.

Кико Касиља веројатно ќе замине во јануари, а за него интерес има од неколку клубови од Премиер лигата.