Зошто Ел Класико се игра во 13 часот?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Реал Мадрид во сабота на домашен терен ќе биде домаќин на лутиот ривал Барселона во еден од најголемите натпревари во светскиот фудбал секоја сезона.

Меѓутоа ова Ел Класико ќе биде нешто поинакво од вообичаените средби на најголемите противници во шпанскиот фудбал поради терминот на одигрување на средбата.

Иако љубителите на фудбалот навикнаа да ги гледаат натпреварите помеѓу Реал и Барса во вечерни термини, овој пат главниот арбитер почетокот на натпреварот ќе го означи точно во 13:00 часот. Додека фудбалските фанови во Европа гледаат пладневно Ел Класико, во азиските земји како Индонезија и Виетнам гледачите ќе може да го гледаат директниот пренос во 20 часот.

Ваквиот термин е испланиран од страна на челниците на Ла Лига кои по Кина сакаат да привлечат гледачи и од земјите од југоисточна Азија.