Неверојатна серија: Погба ни сам не памети кога последно загубил натпревар


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Каде е Погба кој го гледавме во Јувентус? Беше на теренот, се бореше, трчаше, даваше голови од далечина. Денес не делува подготвено, се прашувам дали тренира како треба“ –ова го изјави Пол Сколс пред натпреварот на Манчестер Јунајтед против Евертон.

На легендарниот фудбалер на Манчестер Јунајтед на теренот му одговори самиот Погба кој против Евертон имаше одличен натпревар на кој забележа две асистенции во победата на „Ѓаволите“ од 2:0.

Со оваа победа е продолжена неверојатната серија на Пол Погба. Имено, Французинот во дресот на Манчестер Јунајтед нема загубено цели 435 денови, односно од натпреварот против Челси на 23. октомври 2016 година. По тој натпревар во 34 натпревари со него во тимот Манчестер Јунајтед има 23 победи и 11 нерешени средби.