Македонија ја совлада Србија среде Белград


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Репрезентацијата на Македонија одигра два одлични натпревари на мини подготовките пред Европското првенство кое за неколку денови ќе стартува во Хрватска.

Избраниците на Раул Гонзалез вечерва одиграа одличен натпревар совладувајќи ја репрезентацијата на Србија со 32:29. Шпанецот на нашата клупа го ротираше составот за дуелот со Србија и тоа се покажа како добитна комбинација.

Од самиот старт шанса доби Никола Митрески кој одлично бранеше во првиот дел, а целиот натпревар го одигра Гоце Ојлески кој во Хрватска треба да биде алтернатива за Дејан Манасков кој денес не доби минутажа.

Најефикасен во нашиот состав беше Гоце Георгиевски со осум постигнати погодоци, додека кај Србите најпрецизен беше Марко Вуин со седум голови.