Зидан: Победата против Леганес е пресврт во сезоната!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тренерот на Реал Мадрид, Зидан беше задоволен со победата на својот тим во првиот натпревар од ¼-финалето во „кралскиот куп“ во четвртокот, иако тоа беше тежок натпревар и Асенсио го спаси Реал во 89 минута.

Реал успеа да победи во натпревар во кој играше без Роналдо, Бејл и Бензема.

„Кралевите“ оваа сезона играат катастрофално во Примера, каде што имаат 19 бодови помалку од лидерот Барселона, па започнаа шпекулациите за заминување на Кристијано Роналдо, но и отказ на Зидан.

Сепак, Французинот смета дека оваа победа е само почеток и ќе дојдат подобри денови во Мадрид.

„За нас е ова многу добар резултат. Ја сочувавме мрежата, а победивме во гости. Игравме жестоко, добро и балансирано се браневме. Ни беше тешко да играме отворено, но тоа е нормално, затоа што во тимот беа играчи кои не играле многу време заедно. Не можеме да кажеме дека игравме одлично, но постигнавме добар резултат пред реванш натпреварот“, вели Зидан.