Играше во Тотенхем и Ливерпул, а дали сега ќе заигра во Челси?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тренерот на Челси, Антонио Конте во финишот на преодниот рок сака да го засили нападот, а најново име на листата е Питер Крауч.

Фудбалерот на Стоук не беше во плановите на Италијанецот, а откако се откажа Конте од повредениот Керол, тој ќе мора да најде друго решение.

Високиот напаѓач би бил трета опција, зад Алваро мората и Мичу Батсуаи.

Крауч оваа сезона одигра 21 натпревар за Стоук и постигна 2 голови и 4 асистенции.

Искусниот фудбалер пристигна во Стоук во 2011 година од Тотенхем, каде што ја започна професионалната кариера.