Официјално: Ван Перси се врати во својот матичен клуб


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Холандскиот прволигаш Феенорд потврди дека Робин ван Перси ќе се врати во клубот и официјално ќе стави потпис на договор во понеделник.

Искусниот голгетер си замина од Феенорд пред 14 години во 2002 година кога премина во редовите на Арсенал од каде направи трансфер во Манчестер Јунајтед.

Последен клуб на ван Перси беше турскиот гигант Фенербахче, но таму Холанѓанецот не го покажа својот потенцијал и логично беше да ја промени средината.