Во Реал му се смеат: Јунајтед го „излажа“ Роналдо и сега остана со „празни раце“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Остануваат само часови кога Јунајтед ќе потврди дека потпишал договор со Алексис Санчез кој пристигнува од Арсенал.

„Марка“ пишува дека доаѓањето на Чилеанецот во редовите на „црвените ѓаволи“ ќе го „уништи“ трансферот на Роналдо во својот поранешен клуб. Мурињо не сака да го донесе затоа што смета дека има доволно квалитетни фудбалери, а тие се Рашфорд, Мата, Лукаку, Марсијал, Лингард и Ибрахимовиќ.

За Јунајтед ова ќе биде последен трансфер во јануари и во летниот преоден рок ќе им биде приоритет да донесат засилувања во средниот ред и стоперските позиции.

Наводно Мурињо исто така се откажа и од трансфер на Бејл за чиј „потенцијален“ трансфер се смета дека е голем ризик за клубот.