Билд: Баерн го продава Видал, негова следна дестинација Премиер лигата


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Германскиот весник „Билд“ пренесува информација која вели дека Баерн Минхен е подготвен да го продаде Артуро Видал по потврдата дека Леон Горецка ќе се приклучи на клубот следното лето.

„Баварците“ ќе ги слушаат понудите за Чилеанецот, а весникот пренесува дека Манчестер Јунајтед и Челси се меѓу најсериозните кандидати за неговиот потпис.

Мурињо е убеден дека По Погба кој играше заедно со Видал во Јувентус, како и неговиот сонародник Санчез ќе го убедат играчот од средниот ред да се пресели на „Олд Трафорд“ следното лето.