Ето нов соиграч на Јаховиќ во Коњаспор


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Прославениот камерунски напаѓач, Самуел Ето својата кариера ќе ја продолжи во редовите на Коњаспорт.

36 годишниот фудбалер вчера стави потпис на договор со турскиот клуб кој се наоѓа на 17. место во Суперлигата. Ето во Коњаспор доаѓа како слободен агент откако му истече договорот со тимот на Анталијаспор.

Ето во Коњаспор ќе биде соиграч на нашиот интернационалец Адис Јаховиќ кој пред два дена потпиша за овој клуб.

И Ето и Јаховиќ се обврзаа на верност со Коњаспор во следните две и пол години. Официјалната презентација на Камерунецот треба да биде во текот на денешниот ден.