Бартра се врати во Шпанија поради психички проблеми


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поранешниот фудбалер на Барселона, Марк Бартра одлучи да го напушти Дортмунд и да се врати во Шпанија.

Бартра ги изненади многумина со одлуката да го напушти германскиот клуб и да потпише за Бетис, но на претставувањето откри дека е конечно среќен што се вратил во Шпанија. Тој имал многу психички проблеми по терористичкиот напад, кој се случи минатата година.

Во бомбашкиот напад на автобусот на Дортмунд, Бартра имаше повредена рака и поради тоа мораше да оди на операција. Шпанецот на крајот на сезоната се врати на теренот, но беше јасно дека повеќе не е истиот фудбалер.