Тотенхем славеше во северно лондонското дерби против Арсенал


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерите на Тотенхем славеа во дербито од 27. коло во Премиер лигата против тимот на Арсенал со 1:0.

Во првиот дел гледавме доста досаден фудбал со ретки излети на напаѓачите на двата клуба. Во сите 45. минути видовме само една прилика која ја пропушти Хари Кејн.

Во вториот дел виден е далеку поубав фудбал. На самиот старт Бен Дејвис упати одличен центаршут, а Кејн со глава ја смести топката зад грбот на Чех. Само една минута подоцна Кејн имаше уште една извонредна шанса, но овој пат не го совлада голманот на аРсенал.

Уште една шанса имаше и Деле Али кој излезе очи в очи со Чех, но неговиот обид да се лобова искусниот голман заврши покрај голот на „Топчиите“.

Со оваа победа Тотенхем има 52 бода, седум повеќе од Арсенал кој се наоѓа на шестата позиција и е се подалеку од пласман во Лигата на шампионите.