Ливерпул и Арсенал во трка за 40 милиони фунти вреден голман


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ливерпул и Арсенал ќе водат жестока битка во текот на летниот преоден рок за услугите на голманот Џек Батленд од редовите на Стоук.

Јирген Клоп воопшто не е задоволен од актуелните голмани на клубот, Симон Мињоле и Лорис Кариус и планира репрезентативниот голман на Англија да го направи прв избор за следната сезона.

Арсен Венгер пак мора да бара замена за искусниот Петр Чех кој е на залезот на својата кариера, а покрај тоа веќе почна да прави и грешки кои ги чинат „топчиите“ скапоцени бодови.

И двата клуба за да го обезбедат потписот на Батленд ќе мора да платат најмалку 40 милиони фунти на екипата на Стоук.