Липи го поддржа Италијанецот: Алегри е во право!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Легендата на Јувентус, Марчело Липи го поддржа тренерот на клубот по натпреварот против Тотенхем.

Стигнаа голем број критики на негова сметка затоа што по натпреварот изјави дека навивачите не треба да бидат разочарани со резултатот 2-2.

„Целосно се сложувам со Алегри, Тотенхем е одличен состав и тие направија голем кам-бек, но ништо не е готово, Јувентус и не мора да победи во Англија. Повторно може да биде 2-2 и Јуве да погоди на продолженијата, како што ни успеа тоа во 2003 година против Барселона“