Малком потврди дека ќе замине од Бордо следното лето


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Играчот кој се поврзува со Арсенал и Тотенхем, Малком потврди дека постигнал договор со Бордо да си замине во летниот преоден рок.

Французите одбија да го продадат Малком во јануари, но нема да имаат сили да го задржат и во летниот преоден рок.

Арсенал и Тотенхем се најсериозни кандидати за неговиот потпис, а во трката за Бразилецот би можеле да се приклучат и Баерн Минхен и Манчестер Јунајтед.

„Да, ми ветија дека ќе ми дозволат да преговарам во јуни. Ќе изберам тим, а Бордо ќе ме пушти да заминам. Веќе кажав дека сакав да заминам оваа зима за да исполнам нови предизвици, но до на лето останувам посветен на Бордо“-коментираше Малком за УОЛ.