ПСЖ ја сонува 1993 година и големиот пресврт против Реал Мадрид


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Осминафиналето на годинешното издание на Лигата на шампионите ни донесе дуел помеѓу актуелниот првак на Европа, Реал Мадрид и францускиот гигант ПСЖ.

Првиот натпревар на „Бернабе“ заврши во корист на Реал со 3:1 и парижаните во реваншот ќе имаат тешка задача да ја стигнат оваа предност.

Сепак, ПСЖ има на што да се надева зошто во минатото овој тим успеа да надополни идентична негатива против „Кралевите“. Тоа се случи на 18. март 1993 година кога на „Паркот на Принцовите“ навивачите видоа чудесен натпревар.

Реал во Париз стигна со предност од 3:1 од првиот натпревар од четвртфиналето на Купот на УЕФА. Сепак ова не беше доволно за да поминат во следната фаза затоа што ПСЖ со 4:1 славеше во реваншот со ретко видена завршница.

Легендарниот Џорџ Веа го отвори резултатот во 33. минута, а овој резултат на семафорот се задржа се до самиот финиш на средбата. Давид Жинола во 81. минута погоди за 2:0, за во 89. минута Валдо да зголеми на 3:0 и да постави резултат кој го носеше ПСЖ во следната фаза.

Сепак, на сцена тогаш стапи Иван Заморано кој погоди за 3:1 во втората минута од судиското продолжение и се чинеше дека победникот на двомечот ќе биде познат по продолженија.

Но во 96 минута Валдо изведе еден слободен удар, а на патот кон голот се најде Антоин Комбуаре кој го матираше голманот на Реал за голема радост на „Паркот на Принцовите“.

Погледнете го хајлајцот од тој многу возбудлив натпревар во продолжение: