Ш0к за навивачите: Јуве како да е проклет, нови две повреди


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Скапо платен победата над Торино.

Гонѕало Игуаин нема да биде во тимот следната недела против Аталанта, се повреди после дваесет минути во дерби натпреварот. Со други зборови тој би можел наредните десет дена да биде надвор од тимот, доби удар, но Алегри смета дека Манџукиќ ќе се опорави, кој би можел да го предводи нападот против екипата до Бергамо, со која Јуве игра два пати во три дена, најпрвин во првенството, па потоа и во реванш од купот.

Но, многу полоша вест е поврердата на Бернардески. Момчето кое против Торино асистираше за гол заработи повреда и ќе паузира најмалку три недели.

Бернардески во најдобар случај може да биде спремен за реванш натпреварот против Тотенхем, на почетокот од март, но тоа е под голем знак прашалник.

Квадрадо е во аут, се опорави Дибала, за Јуве ова се клучни моменти во сезоната. После дуелот со Аталанта, следи гостување во Рим против Лацио, па потоа дуелот со Тотенхем во Лигата на шампионите.