Сензација во ФА Купот: Виган му го нанесе третиот пораз на Сити оваа сезона


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тимот на Виган приреди вистинска сензација на својот „ДВ Стадион“ откако со 1:0 го елиминираше актуелниот лидер во Премиер лигата, Манчестер Сити.

„Граѓаните“ беа големи фаворити на овој натпревар и доминираа во текот на сите 90 минути. Избраниците на Пеп Гвардиола упатија дури 27 удари кон голот на Волтон но ниту еден не успеа да заврши зад неговата мрежа.

Сити ги одигра вторите 45 минути со играч помалку откако Фабијан Делф доби директен црвен картон во втората минута од судиското продолжение од првиот дел.

Единствениот гол на средбата го постигна Вил Григ во 79. минута од натпреварот кој ја искористи грешката на дефанзивата на Сити и со одмерен удар го матираше Клаудио Браво.

Виган во четврт-финалето ќе се сретне со екипата на Саутемптон.