Раниери посакува да биде селектор на Италија


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поранешниот тренер на Лестер, Клаудио Раниери признава дека ќе ужива доколку добие шанса да го води италијанскиот национален тим.

Раниери кој во моментов е тренер на Нант вели дека ќе побара да си замине од францускиот клуб ако му биде понудена шанса да биде селектор на Италија.

„Секој италијански стратег сака да го води националниот тим. Јас имам договор на две години со Нант. Од Италија не ме имаат контактирано, но ако има барање ќе зборувам со мојот претседател и ќе му побарам да ме пушти“ –коментираше искусниот Раниери за ТМВ.

Во моментов Италија е без селектор по отказот на Џампиеро Вентура, а негов привремен наследник е селекторот на у21 репрезентацијата на Италија, Џовани Дибијаџо.