Бензема се сели во Серија А?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фанцускиот напаѓач Карим Бензема се наоќа на излезните врати на Реал Мадрид.

Играта која ја прикажува Бензема во актуелната сезона не го задоволува стручниот штаб на Реал, а ни навивачите, па многу извори тврдат дека на крајот од сезоната веројатно ќе дојде до разделба.

Наводно на неговиот менаџер му било кажано дека за него ќе нема место во наредната сезона, без обзир кој ќе биде на кормилото на клубот, а целата ситуација веќе ја пратат неколку европски клубови.

Последен во низата на клубови кои му „фрлија око“ на францускиот напаѓач е Наполи, кој сака да го доведе Бензема за пониска цена и воедно да добие играч кој лесно ќе се врати на старите патеки и да се врати во најдобрата форма.

Во минатото Наполи направи слична работа и со Гонѕало Игуаин.

Формата на Бензема оваа сезона е очајна. На 17 лигашки натпревари тој има постигнато само 3 погодоци.