Навивачите на Јунајтед може да здивнат, Погба останува во клубот


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Агентот на најскапиот фудбалер во историјата на Манчестер Јунајтед, Пол Погба, изјави дека фудбалерот нема намера да си замине од „Олд Трафорд“ се додека клубот не ја освои Премиер лигата.

Мино Раиола исто така негираше дека постои голема војна помеѓу Французинот и неговиот тренер, Жозе Мурињо.

„Доколку работите не одат како што треба, јас ќе си ја завршам мојата работа и ќе најдам задоволително решение за моите играчи.

Во овој момент Пол не ми има кажано ништо и јас знам дека нема да си замине од Манчестер се додека не освои титула. Нема војна со Мурињо како што пренесуваа медиумите, но во денешниот трансфер пазар никогаш не може да кажеш никогаш“- коментираше Раиола за Раи Спорт.