Ангеловски го објави списокот на повикани фудбалери за средбите со Азербејџан и Финска

0

Селекторот на нашата најдобра фудбалска селекција, Игор Ангеловски го објави списокот на повикани фудбалери за пријателските средби против Финска и Азербејџан.

Натпреварите ќе се одиграат на 23. март односно 27. март на неутрален терен во Анталија, Турција.

Нема некои посериозни промени во составот освен што е повикан голманот на Арсенал, Дени Илиев кој ќе го менува Митов Нилсон кој откажа поради повреда. Чудна е одлуката што го нема Филип Гачевски кој брани во одлична форма во дресот на Вардар.

Од друга страна во репрезентацијата е повикан Дарко Велковски кој е во немилост на управата на Вардар по потпишувањето на пред договор со Риека.

Во составот повторно ги нема искусните Даниел Мојсов и Ванче Шиков.

Голмани:

Столе Димитриевски  (Гимнастик Тарагона)

Дени Илиев (Арсенал)

Одбрана:

Стефан Ристовски (Спортинг Лисабон)

Ѓоко Зајков (Шарлоа)

Кристијан Тошевски (Вардар)

Кире Ристески (Вашаш)

Дарко Велковски (Вардар)

Висар Муслиу (Шкендија)

Среден ред:

Арјан Адеми (Динамо Загреб)

Енис Барди (Леванте)

Стефан Спировски (Ференцварош)

Бобан Николов (Видеотон)

Езџан Алиоски (Лидс)

Марјан Радески (Шкендија)

Ферхан Хасани (Шкендија)

Напад:

Горан Пандев (Џенова)

Илија Несторовски (Палермо)

Александар Трајковски (Палермо)

Иван Тричковски (АЕК Ларнака)

Share.