Ниту Де Хеа, ниту Куртоа, Реал си најде нов голман


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Флорентино Перез кога ќе посака нешто, тоа и го добива, а најверојатно тоа ќе биде случај и со голманот на Рома, Алисон.

Реал Мадрид беше заинтересиран за Де Хеа и Куртоа, но очигледно дека ниту високите понуди не биле доволни зашто екипите од Англија бараат по 120 милиони евра за своите голмани, а тоа е малку нереално.

Поради тоа, Перез и Реал Мадрид ќе се обидат да го ангажираат Алисон. Рома веќе одби понуда од Наполи од 40 милиони евра за него, но се очекува дека понудата од 60 милиони евра и некои бонуси на „кралевите“ ќе биде доволна за клубот од Рим.