Кадриу и Јашар нови засилувања на Шкупи, на проба напаѓач од Гвинеја Бисау


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонскиот прволигаш, Шкупи денес потпиша со две засилувања, голманот Амир Јашар и фудбалерот за врска, Флоријан Кадриу.

Флоријан Кадриу е креатор на играта и потпиша 1-годишен договор со клубот од Чаир. Во својата кариера има играно за Влазрими, Теута и Тирана.

Амир Јашар дел од кариерата го помина во Шкендија, Кожув, Гостивар, а има одиграно и натпревари млада репрезентација на Македонија до 16 и 17 години.

На проба се наоѓа Бруно Гомис од Гвинеја Бисао за кој во следните денови ќе биде одлучено дали ќе остане во Шкупи.