Крај за Манчини во Интер, познат негов наследник?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Роберто Манчини не го преживеа летото во Интер. После кавгите со управата вечерва Манчини ќе постане поранешен тренер на Интер.

Имено, Манчини е незадоволен од се, од трансфер периодот до тоа дека ова му е последна сезона од договорот.

Се зборуваше за продолжување но ништо од тоа. Поразот од Тотенхем во пријателскиот дуел ја одлучи управата на Интер да не размислува да ги доведе играчите кои Манчини ги сака во тимот, Туре, Насри и Забалета.

Попладнево адвокатите на Манчини и управата на Интер се обидуваа да пронајдат формула за раскинување на договорот. Годинава Манчини требаше да заработи 4.5 милиони евра, веројатно таа сума ќе му биде исплатена а тој ќе си поднесе оставка.

Наследникот е веќе познат. Близу клупата на Интер е Франк де Бур. Тој е желба на Тохир од кога тој го купи Интер и сега веројатно ќе му се исполни желбата.

Франк де Бур уште минатата сезна поднесе оставка од Ајакс, а веќе деновиве треба да стане шеф на стручниот штаб во Интер.