Дел Потро во четвртфиналето на Олимписките игри


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Хуан Мартин дел Потро успеа да се пласира во четвртфиналето на Олиписките игри после победата над Јапонецот Таро Даниел.

Аргентинскиот тенисер славеше со 2:1 во сетови (6:7, 6:1, 6:2) и во наредната рунда ќе се сретне со Шпанецот Баутиста, кој беше подобар од Луксембуржанецот Мулер (6:4, 7:6).

Некогашниот број четири имаше во првиот дел предност од брејк (3:1) и беше на вистинси пат за рутински да ги приведе крајот на овој дел од играта.

Меѓутоа, Јапонецот во 8 гем го одзеде сервисот на Аргентинецот, а потоа се избори за тај-брејк.

Во овој дел од играта подобро се снајде Даниел кој славеше со резултат 7:4.

Аргентинецот, сепак, на време тргна и во вториот сет покажа дека може многу подобро.

Дел Потро го реши вториот сет во своја корист за само 32 минути од играта, препуштувајќи на ривалот само еден гем.

Во истиот ритам Дел Потро продолжи во одлучувачкиот дел. Јапонскиот тенисер се држеше до резултат 2:2, а тогаш Аргентинецот направи дупли брејк и искусно го приведе мечот до крај.

Во наредната рунда помина уште Американецот Стив Џонсон кој го надигра Евгени Донској (6:1, 6:1).