Агентот на Рудигер ја потврди понудата на гигант!


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Германскиот репрезентативец, Рудигер би можел на крајот на оваа сезона да го напушти тимот на Рома.

Вчера италијанските медиуми пренесоа информација дека Рома добила понуда од Интер вредна 40 милиони евра за Рудигер, а денес оваа информација ја потврди и агентот на овој фудбалер.

„Може да потврдам дека стигна важна понуда од Интер. Одлуката на Антонио и Интер ќе биде донесена во лето. Дали тој ќе биде со Спалети во Интер? Па можно е, постојат шпекулации.“

Да потсетиме, Рудигер оваа сезона во дресот на Рома одигра 23 натпревари и имаше 2 асистенции.