Академија Пандев со две интернационални засилувања

Во тимот на Академија Пандев пристигнаа две интернационални засилувања кои треба да додадат дополнителен квалитет во составот. Од вчера нови имиња во прволигашот од Струмица се Тревис Боуен и Џулио Грифони.

Тревис Боуен е американски напаѓач кој доаѓа од редовите на вториот тим на Лос Анџелес Галакси, додека пак Грифони игра на десната бековска позиција, а во Струмица доаѓа како слободен играч. Последен негов клуб бил Месина.

Новите засилувања нема да може да бидат регистрирани за натпреварот против Скопје кој се игра во недела и се очекува свое деби да имаат против екипата на Шкендија.