„Алегри ќе остане долго во Јувентус“

Легендарниот Марчело Липи смета дека Алегри ќе остане долго на клупата на Јувентус.

Навивачите на Јувентус често во претходните сезони го забележуваа незадоволството на Алегри, а медиумите го гледаат како прв кандидат кој би можел да го замени Венгер.

„Макс ќе остане уште долго. Ќе замине кога нема да се чувствува добро, а сега е многу далеку од тоа. Кај мене проблемот беше од друга природа. Не сум во Кина поради тоа што се уморив од Италија, но долга е приказната.“

Јувентус освои 2 двојни титули, а на добар пат е да ја освои и третата.